Категории

ПОГЛЕДНЕТЕ:Практикувајте ги овие вежби за затегната фигура

Сонот на секоја жена е да има тело во топ форма, но тоа понекогаш изгледа невозможно со големиот број обврски во денот и обесхрабрувањето од многуте модни списанија и емисии со совршени фигури.

Со овие вежби ќе се доближите до вашата цел многу побрзо отколку што се надевате. Задржете се на секоја поза од 5-30 секунди и практикувајте ги овие вежби најмалку 4-5 пати во неделата.

1. Крилја на пеперутка

Легнете на грб. Со двете коленици завземете агол од 90 степени, од кои едната нога ќе ја потпрете на ѕидот, а другата ставете ја на коленото на другата нога. Задржете ја оваа положба, а потоа направете го истото и со другата нога.

2. Ветерница

Ставете ги дланките на вашиот стомак. Турнете го задникот до ѕидот и завземете ја положбата како на сликата-наместете ја десната нога вертикално, а левата наместете ја најниско што можете. Повторете го истото со другата нога.

3. Поздрав

За оваа вежба е потребно да ги испружите нозете вертикално една до друга. Потоа, со дланките обидете се да ги дофатите вашите стапала.

4. Ножици

Кренете ги двете нозе без да ги искривите. Завземете положба како на сликата-ставете ги рацете на половина и обидете се да ги раширите нозете што е можно повеќе.

5. Мост

Слично како кај втората вежба, овој пат ставете ги двете нозе на ѕидот. Без да се потпирате на ѕидот, задржете ја оваа положба и испружете ги рацете најдалеку што можете.

За да го извлечете максимумот од вежбите, повторете ја секоја поза десет пати. Резултатите ќе ги почуствувате веќе после 2-3 недела од посветено вежбање.

Прегледи:
402
Објавено на:
26.09.2016