Категории

Појадок по рецепт на Миранда Кер – Витаминска бомба за цел ден

Го зајакнува имунитетот и подобрува метаболизмот

Го зајакнуваме здравјето без нарушување на фигурата.
„Појадокот е најважниот оброк“ – многумина се придржуваат конова правило дури и во самоизолација, пиејќи ја првата шолја кафе некаде во средината на денот.

Но вистинскиот потенцијал на утринската порција овесна каша и свеж сок е откриен со правилно планирање на менито, а во тоа се сигурни и нутриционистите и познатите личност кои се страствени према здравиот начин на живот.
Таква е на пример, Миранда Кер.

Неодамна, Миранда го сподели со своите фанови својот омилен рецепт за појадок во карантин – а се работи за коктел кој е полн со витамини и хранливи влакна кој го зајакнува имунитетот и подобрува метаболизмот. Се, од чаша сок од целер до авокадо богато со железо, помагајќи да се започне денот на најдобар начин.

Менито на Миранда Кер за здрав почеток на денот:

1.Една чаша свеж целер на празен стомак. Мииранда Кер нагласува дека пие свеж сок од целер најмалку 20 минути пред главниот појадок и потсетува на неговите противвоспалителни и алкални својства.

2.Витаминско smoothie на база на банана. Миранда преферира smoothie кој се нарекува ‘Medical Medium Heavy Metal Detox Smoothie’. Се состои од боровница, јачмен, спирулина и банана.

3.Овесна каша или тост со авокадо на леб без глутен.