Категории

Постојат луѓе кои околу себе шират радост

Херман Хесе – „Едноставно, спонтано. Каде и да се појават – изгрева сонце.“

„Едноставно, спонтано. Каде и да се појават – изгрева сонце. И кога ќе заминат во нашето битие одекнуваат ѕвоната на нивното смеење и нивната радост бара свој дом во нашата душа.
Такви се што никој покрај нив не може да остане недопрен. Како да се создадени од некаков рецепт на среќа и игри, доведени од некој подобар свет и оставени како добри гости помеѓу нас. Сериозни се како возрасни а истовремено и едноставни како деца. Во својата радост пронаоѓаат и сила. И за себе и за другите. Потешкотиите не им оставаат тага на лицето. Ведрината е нивното животно мото.
Неретко посакуваме да бидеме како нив. Или барем да им бидеме добри пријатели. Што почесто да се напиваме од изворот на нивната безгрижност. А тие навистина се воодушевени, од се. Од звуковите, боите, ветрот, брановите, есенските лисја, топлите бои, добрите книги, новите средби.. Па не знаеш што кај нив е најважно. Или воодушевувањето раѓа радост, или нивната внатрешна ведрина раѓа одушевување. Како да се натпреваруваат одушевувањето и радоста – кој побрзо ќе дојде до збор.
Ви благодариме што постоите.“

Прегледи:
658
Објавено на:
18.12.2019