Категории

Позитивни причини поради кои не треба да паничите поради корона вирусот

Претпазливоста е секако непходна, особено кога се работи за пандемија на вирус, но тоа никако не смее да прерасне во паника. Еве зошто е важно да останете смирени!

За помалку од два месеци, Covid-19 се прошири на неколку континенти. Пандемијата подразбира континуиран пренос на болести истовремено на три или повеќе различни географски региони.

Загриженоста е голема и планирањето на најлоши можни сценарија е веќе секојдневие, но сето тоа не е причина за паника, и еве зошто.

СЕ ЗНАЕ ШТО Е ВО ПРАШАЊЕ
Првиот случај на AIDS е опишан во јуни 1981 година и беа потребни повеќе од две години за да се идентификува вирусот ХИВ кој ја предизвикува болеста. Во случајот на COVID-19, првите случаи се пријавени во Кина на 31 декември во 2019, а до 7 јануари веќе вирусот беше идентификуван.
Познато е дека иако вирусот мутира, стапката на мутација нема да биде голема.

СЕ ЗНАЕ КАКО СЕ ОТКРИВА ВИРУСОТ
Веќе од 13 јануари на располагање има тестови за откривање на вирусот

ВО КИНА СИТУАЦИЈАТА СЕ ПОДОБРУВА
Силните мерки на контрола и изолацијата кои Кина ги воведе сега се исплаќаат. Веќе неколку недели се намалува бројот на наови случаи на дневно ниво. Во другите земји се врши доста детално епидемиолошко следење.

ВО 80% ОД СЛУЧАИТЕ, СИМПТОМИТЕ СЕ БЛАГИ
Вирусот Covid-19 во 14% од случаите може да предизвика сериозно воспаление на белите дробови, а во 5% од случаите клиничката слика може да биде критична и со смртен исход. Меѓутоа, дури во 81% од случаите вирусот не предизвикува или предизвикува доста благи симптоми.

ЛУЃЕТО СЕ ОПОРАВУВААТ
Поголемиот дел од заразените луѓе веќе се излечени. Постојат 13 пати повеќе излечени пациенти во однос на смртните случаи, и броцентот во корист на бројот на излечени расте.

СИМПТОМИТЕ КАЈ ДЕЦАТА СЕ ДОСТА БЛАГИ
Само во 3% од случаите се јавува кај луѓе помлади од 20 години, а смртноста кај помлади од 40 години е само 0,2 посто. Симптомите кај децата се толку благи што можат да поминат незабележано.

ВИРУСОТ МОЖЕ ДА СЕ „ИЗМИЕ“
Иако вирусот може успешно да се „деактивира“ на површини со помош на раствор етанол (62-71% алкохол) хидроген пероксид (0,5%) или натриум хипохлорит (0,1%) и тоа само за една минута. Но и понатаму честото миење раце со сапун и вода е најефикасен начин за избегнување на заразата.

СИТЕ НАУЧНИЦИ НА СВЕТОТ ЗАЕДНО ГО РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ
Моментално сите здруженија на научници работат заедно. За околу месец дена можат да се прочитаат околу 164 научни трудови за Covid-19. Тоа се преелиминарни трудови за вакцини, лечење, епидемиологија, дијагнози, клинички аспекти и др.

ВЕЌЕ ПОСТОИ ПРОТОТИП ВАКЦИЈА
Моментално повеќе од осум тимови ширум светот бараат вакцина против новиот вирус.

Прегледи:
578
Објавено на:
23.03.2020