Учиме да ги сакаме другите како пред се што учиме да се сакаме себеси.
Затоа што ние не можеме да им го дадеме на другите, она кое не можеме да си го дадеме и на себе.
„Како можев да кажам нешто толку глупаво? Тоа беше толку блесаво, никогаш нема да знам подобро. Никогаш нема да направам ништо праилно, зошто воопшто се обидувам? Би сакала да не бев толку несмасна, зошто не сум елегантна и грациозна како Џанет?“
Дали ви звучи познато нешто од горенаведеното? Така звучеше мојот внатрешен глас, пред неколку години. Тоа беше гласот во мојата глава, постојано осудувачки и понижувачки, сакав да бидам поинаква, подобра, попаметна, посилна. Сакав да бидам било кој, освен тоа што сум.
Најзначајната лекција која ја научив на работ на смртта, беше таа, ако не се засакам себеси, ништо во овој живот нема да функционира. Длабочината, значењето и радоста кои ги искушувам во животот се мерат со тоа колку всушност љубов имам за себеси. Количината на љубов, љубезност, трпение кои ги имам за другите, се исто така во рамномерен однос со тоа колку љубов, трпение и срдечност имам за себеси. Затоа што ние не можеме да им го дадеме на другите, она кое го немаме да си го дадеме и на себеси.
Многу од нас го учат тоа уште од детството „сакај го својот ближен како што сѐ сакаш себеси“. Но, што ако не се сакаме? Што ако сме си самите на себе најлош непријател и најголем критичар? Ако околината ја третираме како себе, тогаш ја осликуваме со подеднакво лоши бои како што сме се обоиле себеси. Тоа е разликата што на планетата живеат толку голема број луѓе кои опсесивно настојуваат да осудат некого кој е различен, наместо да научат да го ценат секој со кого ја делат планетата и да ги слават различностите.
Учиме да ги сакаме другите како пред се што учиме да се сакаме себеси. Од мала бев охрабрувана да се ставам себеси на последно место, дека љубовта спрема себеси и ставањето себеси на прво место, е себичност. Фактот е тој што давав и давав од себеси, без намера да си угодам на себе и на своите потреби, до точка каде што се срушив и сето тоа се одрази врз моето здравје.
Бев отруена од начинот на размислување, постојано бев убедена дека морам да работа на себеси, затоа што онаква каква што сум – не сум доволно добра. Така продолжив да работам на себе и станав „подобра“, „пољубезна“, „понежна“.. И секогаш се осудував дека не гледав напредок.
И така, добив рак. Всушност, не само што добив рак, туку за малку и умрев. Но мојата болест беше најголемиот благослов кој некогаш ми беше даден. Во блиската средба со смртта, научив акко да живеам. Научив како да се вреднувам себеси онаква каква што сум, совршено создание од свемиротм, кое е вредно и заслужува љубов, без потреба да се докажува, поправа или менува во било која смисла. Станав свесна дека сум некој кој има право да ја искажи својата единственост без страв од отфрлање.
Мојот живот стана многу по радосен, по смислен, имам љубов која можам да ја поделам со другите, многу повеќе отколку порано. Но најважно од се е тоа што сега веќе не размислувам како да бидам некоја друга за да си бидам допадлива на себеси, сега се ценам себеси за она што сум. Јас сум тука!
– Анита Морјани