Сенди Форд е фотографка од Лондон која успеала да направи неверојатно слатки фотографии од бебиња.
Замотани во меки ќебиња, со цветни украси, поспани, насмеани, со мека кожа и невини лица, овие портрети на бебиња ќе ве стопат. Фотографирањето бебиња е навистина тешко, често мрдаат и прават смешни фаци, а да уловиш вакви ангелски насмевки потребно е трпение.
Форд е добитник на повеќе награди за нејзините фотографии со новороденчиња, а вели дека најдобриот дел од нејзината работа е да биде дел од семејните приказни.
„За многу семејства јас им го фотографирам првото дете и вообичаено сум првата нивна дестинација по нивното доаѓање дома после болница.“ раскажува фотографката на PetaPixel.
„Овие фотографии се закачуваат на ѕидот, тие се наследство, јас сум помогнала да се раскаже таа приказна. Тоа е подарок што не ја земам здраво за готово“