Категории

ПРЕСЛАТКО: Мачка се заљуби во бебето уште пред да се роди и сега не се одвојува од него

Мачката по име Панда, стара две и пол години, развила неверојатно чувство на поврзаност со новиот член во семејството, уште пред да се роди. 

Иако сопствениците на животни очекуваат нивните миленици да се љубоморни кога има нов член во семејството, тоа не е случај со две годишната мачка Панда, раскажува нејзината сопственичка Лиел Ајнмар

Според изјавите на сопственичката, таа почнала да ја следи насекаде набрзо по забременувањето. Многу брзо, големиот стомак на идната мама станало најубавото место за престој на мачето

Дури и пред да се роди бебето Шон, Лиел раскажува дека Панда го обожавала. Кога била трудна, мачката ја ставала главата на нејзиниот стомак, а со текот на времето, како што и растел стомакот, така Панда почнала да ги става шепите на него и изгледало како да го гушка.

После породувањето, не била изненадена што Панда веднаш се поврзала со бебето, иако таа чува три мачки, вели дека само Панда од самиот почеток е поврзана со Шон.

Погледнете ги овие преслатки фотографии. Малиот Шон имал среќа да го има првиот пријател уште пред да се роди.

Лиел преку нејзината приказна сака да им пренесе порака на останатите:

„Најважно за мене е да им покажам на луѓето дека животните се дел од семејството. Гледам многу луѓе како ги напуштаат своите животни штом дојде бебе во нивниот дом, бидејќи се уплашени дека ќе го повредат бебето…Сакам да им покажам дека милениците се добро друштво за децата и тие можат многу да научат од нив.“

2

3

4

5

 

Прегледи:
513
Објавено на:
04.03.2016