Категории

Престанете да ги учите ќерките дека момчињата ја искажуваат љубовта на насилен начин

„Кога таа имаше 7 години, едно момче ја турна на игралиштето, таа падна во пепелта и отрча кај учителката прекриена со прашина додека крвта течеше по нејзините коленици, раскажувајќи и што се случило. Учителката само се насмевна и рече: „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња, мила. Немој да те вознемирува, веројатно му се допаѓаш и мисли дека си слатка.“

Но поентата во тоа е дека кога ќе му кажете на мало девојче со пепел на усните и огреботини по нозете дека болката и вниманието се едно исто, ја учите дека момчињата покажуваат наклонетот преку агресија и таа еден ден ќе израсне во млада девојка која постојано ќе прави грешки затоа што никој не и кажал дека „момчињата секогаш ќе бидат момчиња“ се претвора во „тоа е начинот на кој ти ја искажува љубовта“ и модриците стануваат отпечатоци на усните кога ќе пристигне во средно училиште и ќе каже дека некој ја удрил со кошаркарска топка наместо со тупаница.

И некој возрасен ќе и каже „знаеш дека тој ја губи контролата лесно, зошто го провоцираш?“ И таа се смалува во себеси, ја наведнува главата секој пат кога некој маж ќе го повиши тонот на неа.
Веќе на 16 учи да молчи, да биде нежна, да не му дава причина, но и покрај се тој секогаш пронаоѓа таква поради која ќе го стори тоа.
„Момчињата секогаш ќе останат момчиња“, продолжува да одѕвонува во нејзината глава.. Не може да го промени тоа, не може да си помогне.. Таа повторно има 7 години и се наоѓа на игралиштетот со уста полна со прашина и крв затоа што „момчињата секогаш ќе останат момчиња зарем не знаеш? Тоа е начинот на кој ја искажува љубовта спрема тебе..“
И како да успее да ги разграничи тие нешта кога ги научиња толку рано.. Таа ја брои раздалеченоста од модрицата до бакнежот на нејзината кожа, целото нејзино тело е сино.

Таа има 20, едно момче ги допира нејзините усни и таа скокнува. Ја прашува кој ја натерал да се плаши толку и таа посакува да се насмевне. Зарем тој не знае дека „момчињата секогаш ќе останат момчиња“?
И беа потребни 13 години за да ја заборави таа лекција од игралиштето.
Агресијата и афекцијата се две различни нешта. Тие постојат само одвоено, никогаш заедно!“

Прегледи:
624
Објавено на:
09.10.2020