На 29. септември со почеток во 17 часот, на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Crossfit Skopje организира фитнес предизвик.
Секој љубител на спортот и физчката активност, кој сака да ја провери својата кондиција и вештина, сега има можност да го направи тоа преку забавно дружење со тимот на Crossfit Skopje .
Овој фитнес предизвик ќе биде поделен на неколку етапи, почнувајќи од 17 часот, а ќе трае до 22:30 часот.
- 17:00 – 17:50 Пробај Crossfit
- 18:00 – 19:30 CFSK Challenge WOD 1
- 19:45- 20:45 Crossfit час на отворено
- 21:00 – 22:00 CFSK Challenge WOD 2
- 22:15 – 22:30 Прогласување на победници и доделување на награди
Пробај Crossfit
Сите присутни ќе можат да се пријават директно кај било кој од организаторите на CFSK Challenge, а на тој начин ќе им дадете шанса на професионалците од Crossfit Skopje да ве уверат дека оваа дисциплина е буквално за сите, без разлика на полот, возраста и физичкиот капациет.
CFSK Challenge WOD
За да можете да бидете дел од овој предизвик потребно е познавање на сите основни движења и најмалку едногодишно искуство во тренирањето Crossfit. Со помош на две вежби ќе се измери фитнесот на пријавените натпреварувачи. Следуваат и награди за победниците.
Crossfit час на отворено
За разлика од „пробај Crossfit“, за овој предизвик треба основно познавање на движењата. Crossfit тимот ќе одржи редовен час на отворено и сите заинтересирани ќе имаат можност да почувствуваат и да се уверат во придобивките од вежбањето под малку поинакви услови.