Категории

Пригответе плазма шејк за само 15 минути! (РЕЦЕПТ)

Кога ви е потребен брз и феноменален десерт, ви предлагаме да го изберете овој рецепт за шејк од кекс!

Состојки за 8 особи:

  • 500 г мелен кекс
  • 1 литар млеко
  • 350 г шлаг

По желба за декорација:

  • 3 реда чоколадо
  • лажичка масло
  • слатки
  • шарени трошки

Подготовка:

Во сад ставете го кексот, па млекото и оставете да стои додека не го изматите шлагот. Смесата треба да биде густа.

Изматете го шлагот и 3 реда чоколадо со масло. Со лажица ишарајте ги ѕидовите од чашите кои сте ги подготвиле за шејкот (ова се прави само за декорација, не е неопходно) и ставете ги чашите во фрижидер за да се стегне чоколадоот.

Кога ќе отстои кексот, малку изматете го со миксерот за сѐ да се изедначи убаво, особено ако сте користеле кекс на парчиња, па додадете две третини шлаг и изматете убаво да се соедини.

Со кутлача изливајте ја смесата во оладената чаша и оставете малку простор одозгора да урасите со шлаг. Кога станува збор за декорациите, ставете ги омилените слатки, препуштете и се на креативноста.

Пред служење нека се олади барем 3 часа во фрижидер. Уживајте!

Прегледи:
1005
Објавено на:
09.02.2019