Категории

Приказната за Глобочица – струшкото село потопено во 1964 година за да се направи хидроцентралата Глобочица

Нашата прекрасна земја. Изобилува со неверојатна природа, а има исто толку легенди, приказни и тајни скриени чекајќи некој да ги открие. Веруваме дека за пошироката публика приказната за Глобочица е една токму таква тајна. Во далечната 1964 година, селото сместено во падините на Караорман било потопено, за колективното добро, за изградба на хидроцентралата Глобочица.

„По Караорманските ридови, на патот за Дебар, во Малесијата, змијулесто се пробиваат Глобочичките води. Акумулацијата, што ја снабдува хидроцентралата Глобочица, достигнува длабочина и до 80 метри. А, таму на дното, го чува она што некогаш беше село. Некогаш дом на 400 жители во подножјето на овие ридови, во 1964 година селото Глобочица беше потопена за поголемо колективно добро на регионот. Но, селаните како никогаш да не заминале…“ Глобочица е синтеза на приказни кои го запираат здивот за некогашниот начин на живеење, и, во исто време, на раѓањето нов живот, поттикнат од солидарната и иницијативна природа на мештаните. – пишува во описот на видеото.

Прекрасната видео репортажа ќе ве однесе директно во срцето на ова село, ќе ја почуствувате сета убавина на природата, сета топлина на луѓето, ќе ги почувствувате нивните љубов и гордост за ова парче земја.

Оваа видео репортажата за недопрената убавина на ова струшко село, до кое се стигнува само со кајче, е подготвена во рамки на промоцијата на 41.број на „Лице в лице“, посветен на тема: рурален развој. Актуелното издание на може да го најдете на следниов линк.

 

Прегледи:
1496
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
13.11.2020