Категории

Природна маска за коса која ја храни, обновува и го враќа сјајот

Природна маска која можете да ја направите со состојки кои веќе ги имате. Наменета е за оштетена коса, ја нахранува и помага во нејзиното обновување и растење.

Потребни состојки:

  • кокосово масло
  • рицинусово масло
  • јајце

(количините се по желба, во зависност од должината на вашата коса)

Начин на употреба:
Измиксирајте ги сите состојки со помош на миксер. Кога ќе добиете еднолична смеса, нанесете ја маската од коренот до врвовите и добро втријте. Завиткајте ја косата во фолија за да добиете термичко влијание и оставете да делува половина час до час време. Исплакнете и продолжете со вашата вообичаена рутина на миење на косата.

Прегледи:
674
Објавено на:
17.08.2020