Категории

Природна маска за трепки – За волумен и растење

Зошто да ставате вештачки трепки кога можете да направите вашите да изгледаат прекрасни, долги со волумен

Ако сонувате за долги трепки, имаме дора вест. Можно е да го забрзате нивното растење многу едноставно, а се што ви е потребно се само неколку состојки кои ги имате во вашата кујна.
Понекогаш маскарите не можат да ви го дадат посакуваниот ефект, а вештачките трепки не се баш забавни за нанесување, па затоа оваа маска ќе ви биде вистински спасител.

Се што ви е потребно е: Кокосово и рицинусово масло, вазелин и витамин Е. Овие состојки имаат позитивен ефект кај трепките, но и кај веѓите. Тие создаваат филм околу трепките кој ги штити и нахранува, ги хидрира и значително го намалува нивното кршење.

Како да ја подготвите оваа маска:
-5 супени лажици рицинусово масло
-5 супени лажици кокосово или бадемово масло

Подготовка:
Загрејте ги маслата за да се соеднинат, смесата исто така можете да ја користите и за брз раст на косата. На трепките нанесувајте секоја вечер со чепкалка за уши и оставете на маслото да делува во текот на ноќта.
Овој третман повторувајте го секоја вечер една недела и ќе бидете изненадени од резултатите.

Прегледи:
732
Објавено на:
15.12.2019