Пристигна долгоочекуваната четврта сезона од брилијантната серија „Шерлок“

Долгоочекуваната четврта сезона од серијалот „Шерлок“ се емитуваше вечерва на први јануари 2017 година. 

Оваа сезона, како и предходните, ќе има три епизоди. Првата се прикажува на 1ви, втората на 8ми и третата и последна на 15ти јануари.

Првата сезона се емитуваше во 2010 година, а фановиве добиваат само мали дози од оваа приказна, бидејќи содржи мал број на епизоди и се прикажува со паузи по една, две години.

 Минатата година се емитуваше специјална празнична епизода, но авантурите на Benedict Cumberbatch кој го игра Шерлок и Martin Freeman кој ја има улогата на докторот Ватсон продолжуваат по три цели години од третата сезона. Британската тв серија ужива еден од највисоките рејтинзи од сериите кои моментално се емитуваат, но продуцентите ја најавуваат оваа сезона како последна.




Коментари

[fbcomments]