Категории

Просо – Житарица за здрава и бујна коса

Просото е житарка која содржи многу минерали, цинк, магнезиум и флуор, витамини од групата Б, А и Е. 

Постојат многу причини поради опаѓањето на косата и зошто таа изгледа суво и безживотно: премалку сон, пушење, стрес, слаб имунитет, неурамнотежена диета. Добрата вест е дека постојат бројни начини како да се справиме со овој проблем а најефикасниот е преку исхраната.
Житариците се особено важни за секојдневната исхрана поради тоа што се погати со голем број хранливи состојки. Просото е житарка која содржи многу минерали, цинк, магнезиум и флуор, витамини од групата Б, А и Е.
Просото содржи и силикон која е главна компонента во човековите клетки која е одговорна за создавањето на колаген и еластин. Колку повеќе колаген во клетките, толку повеќе косата и ноктите ќе растат. Со воведување на просото во вашата диета дефинитивно ќе воочите значително подобрување на косата и скалпот.

Ви споделуваме едноставен рецепт за тоа како да направите просо:
Зовријте 2 чаши вода и додадете 1 чаша измиено и исушено просо. Покријте го и намалете ја топлината. Оставете го просото да зоврие пополека. Околу 20-тина минути.
Можете да го зачините малку или да го додадете во различни јадења.

Прегледи:
1968
Објавено на:
05.05.2020