Категории

Првите есенски колекции пристигнаа – Плетените фустани ќе доминираат

Ви ги споделуваме најпопуларните модели на плетени фустани кои ќе бидат главен тренд оваа претстојната есен

После прозрачните силуети и лесните материјали во кои ги преживувавме летните жештини, свежите есенски денови ќе не вратат во удобноста на лежерните класици на сезоната. Покрај омилените модели на фармерки и класични панталони, главната улога во есенската гардероба ќе ја имаат плетените фустани.

Удобни и елегантни, парчињата од плетиво ќе бидат задолжителни модни парчиња во есенскиот плакар. Ви ги издвојуваме најпопуларните парчиња на плетени фустнаи кои ќе ги обожаваме претстојната студена сезона.

Прегледи:
588
Објавено на:
29.08.2020