Категории

Работи кои сите ги размислуваме при пакување

Летен одмор е најубава работа на цел свет. Но, ПАКУВАЊЕТО за било каков одмор, па и летен, е ХОРОР. Бидејќи не знаеме што би ни требало, а што не, секогаш одиме пренатрупани со премногу облека и препарати, а користиме 10% од се што сме земале. Подоле напишавме неколку мисли кои на сите ни поминуваат низ памет додека се пакуваме, за да знаете дека не сте сами и дека сите си ги имаме своите вакви моменти :)

  1. Сигурно во хотелот нема да го имаат ОВА“… – додека пакуваме фен за коса. На сред лето. А одиме во ХОТЕЛ и досега неколку пати сме биле во хотел и секогаш имало фен. А, не ни користиме фен, бидејќи е лето.
  2. Што ако ми стане досадно“ – додека пакуваме 3 книги, а во последната година вкупно не сме прочитале 3 книги. Во ред е, знаеме дека ако ни стане досадно ќе поминеме 3 саата на Pinterest, не мора сами пред себе да се преправаме дека сме подобри од ова :)
  3. Мора да размислувам ПРАКТИЧНО“ – додека пакуваме чадор, иако временската прогноза покажа дека наредните 10 дена ќе има само сонце.

  4. Е ОВА ми е баш како за на одмор!“ – додека пакуваме фустанче кое не ни чини веќе 4 лета. Мислиме дека сме ослабнале нешто особено за на одмор, па изгледа затоа вака си се лажеме себеси.
  5. Ќе ми треба есенска јакна“ – …повторно, за ЛЕТЕН одмор чија што временска прогноза ни покажува само сончево време.
  6. Овој одмор ќе бидам здрава“ – додека пакуваме 30 различни вида на витамини, минерали, суплементи, и мислиме дека ќе се придржуваме до некоја посебна рутина за здравје. Истите ќе ги отпакуваме по одморот и ќе ги чуваме за наредниот одмор :)

  7. ..И овој одмор ќе се грижам за себеси!“ – додека пакуваме препарати за 12-чекорен план за нега на кожа. Планот за кожа ќе го искористиме исто онолку колку витамините.
  8. Можеби немаат кафе“ – додека пакуваме кафе за одење во туристички град што ни е на 2 саати од дома, во кој сме биле досега и знаеме дека имаат и супермаркети и се како секој нормален град
  9. Веројатно ќе се преслечам 34 пати на ова патување од 5 дена“ – секој, секогаш, за секаде!
Прегледи:
876
Категории:
Патувања
Објавено на:
20.08.2020