Категории

Решението на најголемите проблеми понекогаш е поблиску околку што мислиме

Мудра приказна која ќе ве научи на многу важна лекција во животот

Еден бизнисмен се нашол во долгови до гуша, и во својот очај, никако не успеал да пронајде решение за својата состојба. Подигнал неколку кредити и позајмил пари од лихвари, а сега сите тие ги барале своите пари назад кој тој ги немал.
Излегол да се прошета во паркот со надеж дека тоа ќе му помогне да ги оттргне мислите, но бил се по очаен. Размислувал за многуте начини да се спаси од банкрот додека шетал, кога во еден миг му пришол еден старец.
„Гледам дека нешто ве мачи. Можеби ќе ви биде полесно доколку некому ја раскажите својата мака?“, му рекол старецот.
Очајниот бизнисмен му ја раскажал својата ситуација, а старецот молчел и го слушал без да го прекине нити во еден миг, кога завршил бизнисменот, старецот му рекол:
„Мислам дека можам да ви помогнам“
Го прашал како се вика бизнисменот, тој му одговорил, потоа старецот извадил еден чек и на него го запишал името на бизнисменот и му го предал.
„Земете ги овие пари. Ќе се најдеме овде за точно една година, и тогаш ќе ми ги вратите“ – рекол старецот и исчезнал пред бизнисменот да успее да каже било што.
Погледнал во чекот кој му го дал старецот, тоа бил чек од точно 500,000 долари, а името на старецот било Џон Рокфелер – еден од најбогатите луѓе на светот.
„Можам да ги решам сите свои проблеми за еден миг“, помислил бизнисменот, но наместо тоа решил да го стави чекот во својот сеф. Доволно му било тоа што знаел дека во сефот лежи решението на неговиот проблем, па сега можел да се обиде да се извлече самиот.
Така охрабрен со сигурноста која ја имал во својот сеф, успеал малку да застане на свои нозе. По пола година, успеал да ги врати долговите а потоа почнал и да заработува.
После година дена се вратил во паркот во чекот во рацете.
Во закажаното време, старецот навистина се појавил. Бизнисменот се упатил кон него за да му се заблагодари и да му го врати чекот кога во еден миг забележал медицинска сестра како чекори позади него.
„Толку ми е драго што го пронајдов. Се надевам дека не ви сметаше, умее да одлута од болница и да им кажува на луѓето дека е Рокфелер“ – рекла сестрата.
Бизнисменот бил вчудоневиден. Година дена бил уверен дека го има магичното решение во својот сеф кое ќе го спаси од можната пропаст, а всушност немал ништо.

Тогаш сфатил дека не биле парите – вистински или не – тие кои му го промениле животот.
Животот му го променила новостекнатата самодоверба.

Прегледи:
550
Објавено на:
27.12.2019