Категории

Ресторани ширум светот кои ќе ве остават без здив

Сите луѓе сакаат да уживаат во убав ресторан каде можат да вкусат свежо подготвена храна, но и да имаат феноменален амбиент кој опушта и води во друга димензија.
Рестораните во продолжение се едни од најневеројатните места во целата планета и кога би ги посетиле би сфатиле што значи изразот „рај на земјата“.

 

1.Небесниот ресторан во Дубаи кој овозможува да уживате во јадењето на висина од 50 метри.

 

2.Ресторанот„Aiguille du Midi“ на француските Алпи ви овозможува оброк на висина од 3. 842 метри со неверојатен поглед кој никогаш не се заборава.

 

3.Вилата „Escudero Plantations“ има ресторан во подножјето на водопад кој ви нуди релаксирачка атмосфера и е пријатно место за одмор.

 

4. „Coppa Club“ во Лондон пружа магичен поглед на преубавиот град, а исто така има можност за уживање во храната под проѕирни стаклени топки кои создаваат романтика.

 

5. Сите љубители на зимата ќе уживаат во „Xtracold Icebar“ во Аместердам. Се е направено од лед, а имаат и преубави коктели.

 

6. „Giraffe Manor“ се наоѓа во Африка и ви овозможува сафари атмосфера каде гостин на масата ќе ви биде некоја од преубавите жирафи.

 

7. Вилата „Anantara Kihavil“ на Малдивите има преубав подводен ресторан кој на своите посетители им нуди уживање од соништата и амбиент кој тешко може да се замисли.

Прегледи:
668
Објавено на:
25.04.2019