Категории

Рецепт на денот: Здрав појадок во тегла

Појадокот е најважниот оброк во денот. Овој здрав појадок, подготвен за еден миг, богат со хранливи материи, така што ќе ве одржува сосема сити до ручек.

Состојки:

  • 4 лажици ореово брашно
  • 4 лажици овес
  • 4 лажички какао
  • 2 лажици мед
  • бадемово млеко
  • 3 лажици чиа семе
  • 500гр немасно сирење
  • екстракт од ванила
  • манго
  • 150 гр свежи бобинки

 

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, какаото, медот и овесот. Додадете го бадемовото млеко за да ја направите смесата компактна. Распоредете ја смесата на дното на теглите.

Потопете го чиа семето во бадемово млеко и оставете да отстои 10 минути.

Вториот слој во теглата треба да биде безмасното сирење измешано со екстрактот од ванила и чиа семето.

Додајте го исецканото свежо овошје на врвот.

Прегледи:
637
Објавено на:
01.11.2019