Се што ќе прочитаат на интернет страните, за тинејџерите е веродостојно, бидејќи слепо веруваат на се што се пишува, без да проверат дали постои и некоја друга вистина – покажуваат истражувањата на британското телекомуникацискорегулативно тело.
Бројот на децата кои немаат никаков критички став кон она што ќе го пронајдат на Гугл и социјалните мрежи се зголемил двојно – се наведува во оваа студија. Тие не умеат да проценат дали информацијата е вистинита, лажна или пристрасна.
Секое десетто дете кое користи интернет верува дека сите информации кои ги наоѓа таму се апсолутна вистина, додека една петина смета дека податоците кои можат да се најдат со пребарување се веродостојни.
Истражувањето покажало дека тинејџерите се повеќе го користат каналот ЈуТјуб за „точни и проверени“ информции за случувањата во светот.