Категории

Сакала да ги зголеми усните, а доживеала хорор сценарио! (ВИДЕО)

Рејчел Кнапир од Велика Британија решила да ги зголеми усните, а по зафатот речиси ќе останела без горната усна.

Рејчел Кнапир со пријателките била на ботокс третмани каде платила околу 250 евра за вбризгување на филери во усните, а кога се разбудила наредното утро- сфатила дека усните и се 4 пати поголеми од претходно.
Веднаш се упатила кон болницата, а таму дежурните медицински сестри, како што Рејчел тврди- ја исмејувале.
-Никогаш претходно не виделе нешто такво. Се појавив во итната служба со таа огромна работа на лицето. Им кажав дека имам алергиска реакција, затоа што мислев дека се работи за алергија, но 3 доктори ми кажаа дека тоа се случило затоа што филерите ми биле вбризгани во артерија-раскажа Рејчел во текот на гостувањето во емисијата „This Morning“.
На филери се одлучила затоа што многу и пречела малата неправилност која ја имала на усните,но многу зажалила.
-Се беше во ред кога легнав да спијам, но кога се разбудив се згрозив. Усните ми беа 4 пати поголеми од претходно и ми го допираа носот. Чувствував неверојатен притисок и жарење во усните.

За среќа, приказната имала среќен крај. По 72 часа филерите во нејзините усни се разградиле и тие се вратиле во нормална величина. Сега Рејчел се залага за построги прописи и сака да ги информира другите за опасностите од филерите за усни.

Прегледи:
705
Објавено на:
25.04.2019