Категории

Сакате да носите високи потпетици без непријатна болка во нозете?

Откриен е одговорот на едно од најпоставуваните женски прашања во светот на модата

Се вели дека жената за убавина и елеганција треба малку да стисне заби. Тоа е изрека со која не баш сите би се сложиле, а веројатно и вие самите сте се сетиле како сте трпеле ужасна болка во своите омилени штикли.
Сигурно веќе знаете дека силиконските влошки за чевли со висока потпетица доста помагаат, тие се направени од силиконски гел и се ставаат на предниот дел на чевелот со цел ногата да не се лизга нанапред а со тоа би ја избегнале болката на табаните и би спречиле настанување на плускавци.
Но ние ви предлагаме нешто друго.
Се работи за трик за кој ви е потребен фластер или медицински селотејп.
Залепете ги, односно спојте ги третиот и четвртиот прст (ако броите од палецот) со фластерот или медицинскиот селотејп и спремни сте за излегување.

Зошто овој трик делува?
Овој трик е познат во медицинската терија дека помеѓу двата гореспоменати прста се крие живец кој создава болка во нозете. Кога прстите ќе се залепат, помал епритисокот на тој живец што резултира со полесно стоење и одење во високите потпетици.

Прегледи:
961
Објавено на:
23.12.2019