Категории

Само 3 состојки и готова е за половина час: Шпанска тортиља од компир која ќе ве освои веднаш! (РЕЦЕПТ)

Шпанската храна е позната по вкусните и достапни намирници и едноставната подготовка. Едно од традиционалните јадења е тортиљата од компир.

Состојки:

  • 4 средни компири
  • 1 поголема главица кромид
  • 4 јајца
  • маслиново масло
  • сол и бибер

Подготовка:

  • Излупете ги компирите и исечкајте ги на тенки коцки, а кромидот на тенки линии.
  • Во тавче згрејте маслиново масло доволно да го покрие целото дно и додадете кромид и компир, па сето тоа заедно измешајте го додека компирот не се запече, а кромидот не потемни.
  • Јајцата искршете ги во поголем сад и изматете ги за кајгана, додадете компир и кромид (процедете го вишокот масло во шолја) и сѐ заедно измешајте.
  • Повторно загрејте го тавчето и додадете го маслото во кое се пржеле компирите, кога ќе се загрее, ставете ја мешавината од компири, кромид и јајца.
  • Оставете го тавчето на помала температура, без мешање за да се запече дното.
  •  Тавчето прекријте го со чинија, па свртете го за тортиљата да остане на чинијата, па вратете ја во тавчето за да се запече и другата страна.
  • Кога ќе се запече и другата страна, тортиљата е готова.
  • Повторно поклопете го тавчете со чинија и свртете го за тортиљата да остане како торта.
  • Исечете ја како торта и послужете.