Категории

Само кога постои искреност, односот помеѓу двајца луѓе може да успее

Со тоа што ги пуштате луѓето во вашиот живот, се изложувате на ризик во кој можете да ги доживеете и најубавите но и најлошите нешта во вашиот живот

Најубавите но и најлошите чувства. Дозволувајќи им на другите да бидат толку блиску, им давате можност и количина на искреност која може и да ви наштети, но и толкава количина на лицемерие од кое може и да ви се згади. Прифаќате можност некој да ве фрли на дното, но и некој да ве подигне до ѕвездите. Се е до луѓето, се е до вас.

Никогаш не го знаете крајниот исход од одлуката да пуштите некого во вашиот живот, но поинаку не ни можете да живеете. Да се заѕидате себеси во својот свет значи да се казните себеси на друг начин. Да ги пуштите другите во својот живот значи да им откриете што ве плаши, што ве радува, што ве возбудува, што ве повредува, да им дозволите вашите најдлабоки чувства да станат дел од нивниот свет.

Бидете внимателни со ветувањата кои ги давате затоа што тие се просторот кој може да доведе до најубавите емоции но и потенцијални лоши односи. Кога некој ви се приближува, треба да откриете зошто го прави тоа пред се, дали поради имотниот статус, образованието или нешто слично. Но барајте од нив да бидат брутално искрени како што сте и вие. Само така ќе можете да знаете во кој правец ќе се движи вашата заедничка приказна.

Само кога постои искреност, односот може да успее. Сето останато е само фарса во која двете страни губат. Затоа подгответе се себеси да пуштите други луѓе во својот живот, подгответе се пред тоа да станете силна и отпорна личност која и покрај се ќе го задржи своето достоинство, и ќе се оттргне од оние кои не ја почитуваат и оние кои ја почитуваат.

Прегледи:
530
Објавено на:
10.01.2020