Категории

Само најсилните патат во тишина

Знаат дека во свет каде што емоциите се откриени тоа значи закана за нова можност да бидат повредени и разочарани..

Не мораат сите да знаат што им се случило. немораат сите да знаат што ги погодило. Знаат дека во свет каде што емоциите се откриени тоа значи закана за нова можност да бидат повредени и разочарани. Тие чекорат во тишината, тука ги решаваат сите проблеми кои се натрупуваат постојано, и излегуваат од нив многу посилни.

Силните личности патат во тишина. Не треба никој да ги види, не треба никој да им оддаде признание за тоа што го прават, не треба никој да ги сожалува. Тоа е свет во кој мораш да останеш сам со себе и да си даваш одговори сам на себеси. Тоа е доба на калење на зрелоста, препознавање на она што те придвижува и во исто време ослободува од се што ти става синџири на вратот. Но повеќе од се, тоа е време на поставување на темелот на животните приоритети.

Силните личности патат во тишина. Тие го чувствуаат теретот на времето и другите луѓе. Знаат колку е тенка границата помеѓу омразата и љубовта и знаат дека кога еднаш ќе ја преминат не можат да вратат ништо на старо. Тие не ги бројат своите рани нити своите победи.

Силните личности патат во тишина. Знаат дека времето го решава останатото. Се ослободуваат од се што е вишок, непотребно и негативно. Знаат дека тоа е време кога треба да направат драстичен чекор, знаат кога е вистинско време да престанат да гледаат назад во минатото и да се свртат кон иднината. Тие водат инает со животот, водат инает со поразите, патат во тишина и блескаат во јавност.

Прегледи:
477
Објавено на:
14.12.2019