Сите врски се градат врз неизговорени ветувања. Во животот наидуваме на некого кој некако ги спојува деловите кои ни недостигаат. Кога? Како? Зошто? Дали ќе остане засекогаш?
Постојат толку неодговорени прашања, единствен начин да откриеш е да живееш и да ризикуваш.
Некои луѓе ноншалантно влегуваат во нашиот живот. Не учат на важни лекции. Не сите остануваат. Некои луѓе ги сретнуваме и создаваме спомени, но само некои остануваат засекогаш. Тешко е да го прифатиш тој факт затоа што пронаоѓаме сигурност во другите.
Знаеш ли зошто болат разделбите? Се чувствуваме безвредно и несигурно. Ги бараме сопствените маани и грешки. Разделбите болат најмногу кога не ги иницираме ние. Се чувствуваме немоќно. Не сме спремни, кога иницираме разделба, сме спремни. Размислуваме за причините за или против. Во главата анализираме, ја контролираме ситуацијата и така тоа помага.
Разделбите не болат само кога се љубовни. Разделбите можат да бидат пријателски, семејни, или некои трети. Кога сме емотивно врзани за некоја личност, ќе боли. Она што не поврзува е уништено, и тогаш чувствуваме празнина. Мала кавга може да донесе тешкотија. Раскинувањето е уште полошо.
Дури и кога знаеме колку боли разделбата, ризикуваме. Одлучуваме да се врземе за саканите личности. Во тоа ја пронаоѓаме среќата. Не секогаш луѓето не оставаат. Понекогаш ние ги оставаме нив. Мислиме дека сме повеќе вредни или не можеме да бидеме со некоја личност.
Но животот продолжува понатаму. Луѓето остануваат, луѓето заминуваат. треба да одиме понатаму и да ги запаметиме лекциите. Да ги задржиме слатките спомени. Но да не дозволиме да не застанат на патот. Не смееме да дозволиме никој и ништо да не спречи да го живееме нашиот живот.