Категории

Само ситните души се китат со титули – Големите луѓе носат само една титула: ЧОВЕК

Големите луѓе не ги комплицираат нештата, ако можат да ти помогнат, ќе ти помогнат, ако не можат јасно ќе ти дадат до знаење каде можат. Малите луѓе ќе те остават да го чекаш нивниот одговор, ќе ти создадат непотребна нервоза, ќе ти поставуваат услови кои треба да ги исполниш и да си во постојано исчекување..

Ситните души комплицираат, сакаат да се покажат како надмоќни, да ја искористат секоја ситуација за да го зголемат своето влијание за да ви докажат како на нив останува одлуката и како треба да им бидете наклонети за да биде онака како што вие сакате.
Големите луѓе не ги комплицираат нештата, тие знаат кои се и што се, ја гледаат големината во човекот, а не во титулите, статусите, симболите и останатите небитни нешта кои прават луѓето да се разликуваат.

Големите луѓе не ги комплицираат нештата, малите луѓе ќе ти го направат животот комплициран. Тие ќе те остават да го чекаш нивниот одговор, ќе ти создадат непотребна нервоза, ќе ти поставуваат услови кои треба да ги исполниш и да си во постојано исчекување, да им се поклонуваш и да им се заблагодаруваш за нешто што е самото по себе е сосема човечко и природно, нешто што некој друг би го направил без оглед на се, затоа што не ги коштало ништо и не барало никаква голема жртва во нивниот живот.

Големите луѓе не ги комплицираат нештата, ако можат да ти помогнат, ќе ти помогнат, ако не можат јасно ќе ти дадат до знаење каде можат. Разликата помеѓу тие луѓе не е во улогите кои ги имаат, затоа што малите луѓе ги потенцираат своите титули и фотелјите во кои седат, а големите работат сосема обични работи. Разликата помеѓу тие луѓе е во тоа како гледаат на себе и на другите, како се поставуваат спрема себеси и спрема другите.

Ќе ја препознаеш таа разлика, ќе откриеш кој каде се наоѓа, а што е најважно од се и ти порано или подоцна ќе дојдеш во ситуација да избереш на чија страна ќе застанеш. Застани на страната на оние кои не се опседнати со својата замислена величина, застани на страната на оние кои не пресметуваат кога требаат да помогнат, застани на страната на оние кои титулата човек е единствената титула која ја имаат. Што и да прават, каде и да биле, и што и да се на некоја позиција, тоа се големи луѓе.

 

Прегледи:
1229
Објавено на:
21.01.2020