Кратка фризура со голема доза на шарм.
Невозможно е да заборавиме колку популарност добија кратките ‘боб’ и ‘лоб’ фризури во последните неколку години. А што се однесува до тоа, нивното владеење сеуште трае а причината за толкавата популарност треба да се припише на тоа дека се едноставни за одржување и обликување.
Овој пат ви претставуваме еден поинаков вид на кратка фризура во која веруваме дека ќе се вљубите на прв поглед. Витканиот боб е нашиот предлог за идеална есенска фризура за оние дами кои сакаат да направат храбра трансформација. Она кое го прави толку неодолив е ноншалантноста и слободата во прамените кои се движат со волумен и го врамуваат ликот.
Оваа фризура можете да ја стилизрате на повеќе начини, а нејзиниот „непослушен“ изглед е она кое најмногу не освои.