Категории

Се чувствувате изгубено во животот? Не сте единствени, ова се најчестите причини

Мали парчиња од нашата душа се обидуваат да ни побегнат со тоа што сė повеќе ги игнорираме или пак одиме против нашите внатрешни чувства и желби. Колку повеќе се обидуваме да ги задоволиме другите, толку повеќе се губиме себеси и делови од нашата душа.

Смрт на душата се случува тогаш кога го губиме вистинското јас. Низ животот, нашиот дух станува збунет под тежината на одговорностите, стресот, околностите, загубата, тагата и сите останати нешта низ кои поминуваме како луѓе. Но сепак, можеме да ги вратиме нашите души следејќи го нашето срце и отрфлајќи сė што не е во склад со нас.

Ако се чувстувате изгубено во животот прочитајте за да дознаете дали поминувате низ смрт на душата и повторно раѓање.

Не можете да се сетите на некои моменти од вашиот ран живот

Можеби сте се насочиле кон тоа да ги блокирате одредени спомени со што би ја заштитиле својата душа од болка и тага. Од друга страна пак, можеби сте поминувале низ некои трауматични искуства кои што вашиот мозок одбрал да ги заборави за да можете да продолжите понатаму. Но, она што е најважно е дека, вистинското тргнување напред е всушност повторното прегледување на тие спомени.

Се борите со анксизоност, депресија или други ментални проблеми

Менталното здравје е сложено прашање , но доживувањето на период исполнет со депресија и анксиозност може да означува премин на вашата душа низ процесот на повторно раѓање.

Не се чувствувате целосно

Делови од вас се чувствуваат скршени или непотполни како да не можете во потполност да го видите светот околу себе. Вашиот поглед  кон светот, но и кон себе е фрагментиран

Тежнеете кон тоа да имате цел во животот

Сите ние бараме некаква длабока смисла во животот, но душевната смрт го поставува предизвикот малку повеќе да бараме. Можеби се чувствувате целосно преполнети со вашиот моментален живот и тежнеете кон тоа да се разбудите возбудени, знаејќи дека денот кој следи ветува значење и исполнетост.

Чувствувате дека немате контрола врз својот живот

Дури и ако сметате дека сте ја пронашле својата смила, можеби нема да можете да ги промените околностите. Чувстувате дека не знаете во која насока да се движите или како да ги остварите своите соништа.

Чувстувате како никаде да не припаѓате

Силно сакате некаде да припаѓате, но сепак сė уште чувствувате дека никаде не сте го пронашле своето место. Во периодот на душевна смрт почнуваме да се чувстуваме ранливо и изгубено и бараме утеха и сигурност. Но еднаш кога ќе се обидеме да го следиме нашето срце, нашите души повторно ќе почнат да живеат.

Постојано се чувствувате уморно

Не само физички туку и ментално и не можете точно да ја одредите причината за тоа. Само знаете дека вашата душа е уморна, а никакво количество на сон не би можело да ја излечи.

Прегледи:
671
Објавено на:
29.06.2018