Категории

Сè што треба да знаете за третмани за коса со кератин

Tретманите со кератин се нарекуваат и “Brazilian blow-dry“ третмани за кадрава коса.

Наменети за жени кои сакаат права, свилена коса секој ден, без да поминат часеви во сушење и пеглање.

Но, како функционира ова? Колку долго траат резултатите? Ќе ви ја уништи косата? Еве, ние објаснуваме сè …

Кератин – хемиски третман

Клучна состојка која дава мазен изглед на косата е формалдексид. Недостаток е тоа што е канцероген, во повеќето салони ќе ве натераат да седите во близина на вратата на добро проветрена просторија за време на процесот со кератин, за да не бидете изложени на хемикалии. Исто така ќе добиете очила за да спречите иритација на очите.

Не е толку лошо за вашата коса како што мислите

Вреди да се напомене дека овој вид на третман дефинитивно не е за секого, а генерално гледано, тој е посоодветен за оние со густа, груба коса, наместо за оние со фина и тенка текстура. Бидејќи кератинот е природно застапен во составот на човечката коса, ја прави посилна и исто така изгледа поздрава.

Резултатите траат до три месеци

Откако ќе го направите третманот, нема да видите кадрици најмалку десет недели, што е одлично да се каже за третманот со кератин. Слично како депилацијата со восок, колку почесто ја правите, толку се подобри резултатите. Значи, во овој случај, доколку се одлучите на третман со кератин до три пати годишно (не се препорачува повеќе од ова), всушност ја „тренирате“ вашата коса да биде помазна за цело време.

Тоа е долг процес

Ако сте еден од оние луѓе кои едвај можат да издржат пет минути мирно седење на фризер, ова дефинитивно не е за вас. Самиот третман може да трае два часа (можеби подолго, во зависност од типот на вашата коса). Започнува со темелно шампонирање за да се ослободи од какво било насобирањење на хемикалии. Потоа, фризерот ќе ви одвојува прамени на кои ќе нанесува кератин. Потоа следи долг период на сушење, а откако вашата коса целосно ќе се исуши, потоа се исправа со топлина за кератинот да се фиксира во косата.

Треба да почекате да ја измиете косата

По третманот, мора да почекате најмалку 48 часа пред да ја измиете косата за да се осигурате дека третманот е правилно применет. Исто така, треба да користите шампон и балсам без сулфат, бидејќи самиот сулфат создава пена и може многу побрзо да го измиете кератинот од вашата коса.

Прегледи:
5133
Објавено на:
07.09.2019