Категории

Се враќаат фризурите од 80-тите: Ситни таласи на вашата коса повторно се во тренд! (ФОТО)

Ако сте обожавател на таласеста коса оваа вест ќе ве израдува, минивалот е повторно ин

По враќањето на трендовите од 90-тите, дојдоа на ред и 80-тите. Време е да ја замените вашата права коса со таласеста. Оваа сезона ќе биде во знак на коса со многу волумен.

Во салони ширум светот повторно е актуелно стилизирањето на косата, познато како минивал.

Во текот на 80-тите, малкумина успеаја да и одолеат на оваа фризура, а се чини дека ќе биде така и оваа година. На модните ревии на многу дизајнери, манекенките носеа токму ваков вид фризура, а не и одолеаа и познатите дами.

Експертот за коса, Карина Џексон, вели дека таквата фризура е повторно апсолутен хит. Минивал, но со мала модификација, сега изгледа многу поприродно, а самата техника многу напредна, па косата не се оштетува.

Нејзиниот совет е дека пред да одлучите за овој процес, да размислите внимателно, затоа што после тоа косата ќе остане таласеста неколку месеци. Таа вели дека оваа фризура не е добра за секого, па пред да одите на фризер, прво сами навиткајте ја косата за да видите дали сте задоволни од тоа како изгледа или не.

Дали сте воодушевени од враќањето на овој начин на стилизирање на косата?

Прегледи:
660
Објавено на:
25.11.2019