Категории

Секогаш ќе постои една личност која никогаш не ќе можеш да ја заборавиш

Секогаш ќе постои таа една особа. Таа која ќе остане во твоето срце сѐ до последниот здив.

Тоа е личноста која секогаш ќе поседува парче од твоето срце. Тоа е единствената особа која те променила и влијаела врз тебе на начин на кој не си знаел дека може да се случи.
И без обзир на тоа колку си се трудел и колку долго таа личност била покрај тебе, таа засекогаш ќе ти го запира здивот само од помислата на неа. Нема да можеш да се ослободиш од тој дух и неговата сенка. Таа засекогаш ќе ти доаѓа во најубавите соништа и ноќните мори.
Но зарем тоа не е прекрасно нешто?
Знаејќи дека таа личност искрено те сакала. Дека си и бил драгоцен и сакан, само тоа е доволно да се чувствуваш среќен. Таа те изградила, те обликувала, те научилила на тоа колку и ти си прекрасна личност вредна да бид сакана. А ако таа личност повеќе не е покрај тебе, дури и ако вашата љубов траела кратко, таа и понатаму ќе остани внатре во твоите коски и матни сеќавања. Таа љубов ќе живее во тебе засекогаш.
Чувај ги тие сеќавања во тебе, нека твојата душа се присети на љубовта и нека дозволи повторно да си ја приушти таа љубов. Новата љубов нема да направи да ја заборавиш неа, никогаш. Тој спомен не се брише. Мораш да дозволиш твојата љубов сега да усреќи некој друг, затоа што ја имаш премногу во твоето срце за да би останала засекогаш резервирана за таа личност која повеќе не е тука.
Еден ден ќе сфатиш зошто, затоа што таа нова љубов ќе биде таа која никогаш нема да замине.