Категории

Секој го наоѓа она што го бара: Лошиот човек гледа само лошо околу себе, а добриот само убавини

Како се однесуваме во животот и кон другите, така ни се враќа!

Дошол човек во едно село, на патот наидол на некој старец и го прашал: „Никогаш не сум бил овде, кажи ми какви луѓе живеат во овој град?“
На тоа, старецот му одговорил: „А какви биле од тој град од каде што сте заминале?“
– Тие беа себични и злобни луѓе. Среќен сум што го напуштив тој град.
„Овде ќе наидете на многу такви“, – му одговорил старецот.
Нешто подовна, друга личност дошла во ова село и му го поставила истото прашање на старецот:
„Само што стигнав во ова село. Кажи ми татко, какви луѓе живеат тука?“
Старецот му одговорил на истиот начин како и на претходниот човек, и притоа го прашал истото прашање – Какви биле луѓето од таму од каде што дошол.
„Ох, беа љубезни, гостољубиви и со добра душа. Имав многу пријатели таму и не ми беше лесно да се разделам од нив“
Овде ќе сретнеш исти такви, одговорил старецот.
Еден жител, кој го чул и едниот и другиот разговор, не издржал па го прашал старецот, зошто исто одговорил и на едното и на другото прашање, на тоа старецот возвратил: „Секаде се наоѓаат и добри и лоши луѓе, едноставно е.. Секој наидува само на она што го бара и што го гледа во луѓето!“