Категории

Што ја издвојува ВИСТИНСКАТА ДАМА од некултурната жена

Не секоја жена е дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштвото и основното воспитување кое го носи од домот.

Овие нешта ја издвојуваат вистинската дама од простите некултурни жени.

1.Вистинските дами немаат тетоважи на видливите делови од телото. Затоа и се дами. Тоа за нив претставува интимно нешто.

2.Вистинските дами секогаш се обраќаат со „молам“, а не со „што е“. Основната култура е многу важна.

3.Вистинските дами, никогаш, ама никогаш нема да запалат цигара на улица. Пушењето е резервирано за во некоја просторија.

4.Вистинските дами се секогаш пристојно облечени. Не премногу „накитено“, нити премногу обично. Едноставно, тие изгледаат добро во секоја прилика.

5.Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие иммат став: Кавгата не решава ништо и не донесува ништо позитивно.

6.Вистинските дами не користат псовки. Никогаш нема да слушнете од вистинска дама некој грд или навредлив збор. Тоа им е под честа.

7.Вистинските дами никогаш нема да си дозволат да бидат во друштво на некултурни личности, било машки или женски. Тие се оттргнуваат од нив затоа што не поддржуваат такво однесување.

8.Вистинската дама секогаш мириса убаво. Не претерано, но секогаш мириса. Секогаш носи некој пристоен парфем со стил.

9.Вистинската дама има гордо однесување. Исправен грб  и сигурен став што отсликува достоинство.

10.Вистинската дама не носи многу накит. Суптилни обетки, некој тенок прстен и ланче, таа секогаш дава впечаток на нежна и префинета жена.

Прегледи:
2024
Објавено на:
08.02.2020