Категории

Што кажува за Вас бојата на Вашата облека

Кога брзаме наутро за на работа, често се случува да го облечеме првото нешто кое ни се фаќа при рака. Но, што значи кога голем дел од нашите „први нешта кои ни се фаќаат при рака“ ја имаат истата боја? Секоја боја зад себе си има своја филозофија, а бојата која најчесто ја носиме, зборува многу за нашиот карактер.

Црна

Црната боја значи сила, моќ, софистицираност, елеганција и авторитет.

Сина

Сината боја зрачи со креативност, позитивна енергија и лојалност. Луѓето кои ја носат сината боја живеат по свои сопствени правила.

Кафеава

Иако кафеавата боја има добиено лоша репутација, како „здодевна“ боја, сепак, луѓето кои сакаат да ја носат, всушност се луѓе кои се веродостојни, стабилни и паметни.

Сива

Голема е веројатноста дека луѓето кои често се облекуваат во сиво, имаат ниска самодоверба. Тие сакаат да се сокријат во гужвата, да останат неприметени и „под радарот“.

Металик/сребрени бои

Носењето на металик или сребрени бои дава до знаење дека личноста е храбра, со висока самодоверба и со авантуристички дух.

Црвена

Луѓето кои носат црвено се страствени, храбри, самостојни и бесрамни.

Портокалова

Ако често носите портокалово, вие сакате да сте „животот на забавата“, да бидете приметени и да ги забавувате луѓето околу вас.

Розова

Иако розовата боја традиционално е боја на женственоста, сепак и многу мажи самоуверено ја носат. Таа означува мек и мил карактер.

Виолетова

Виолетовата е бојата на богат интринзичен живот. Таа зборува за тоа дека носителот има силна интуиција, креативност и силни емоции.

Жолта

Жолта е бојата на оптимизмот, среќата и продуктивноста. Ја носат обично луѓето кои се полни со енергија и амбиција.

Зелена

Луѓето кои носат зелена боја се природно харизматични и длабоко се грижат за луѓето околу нив.

Бела

Белата симболизира мир, чистота, новитет, па така, луѓето кои носат бело, обично се свежи, со мирен дух и чиста мисла.

Прегледи:
1035
Објавено на:
12.05.2020