Категории

Што ќе му се случи на вашето тело ако наеднаш престанете да пиете кафе?

Дали сте од оние кои не можат да излезат од дома, а камоли да отидат во канцеларија без да го испијат своето утринско кафе?
Дали некогаш сте размислувале за укинување на внесување на кофеинот?

Иако кафето во умерени количини се смета за здраво, повеќе од четири шолји во денот може да има негативни последици. Покрај тоа, зависниците од кафе пијат и многу повеќе шолји во текот на денот.

Треба да знаете дека секојдневното внесување на кофеин со тек на време ја зголемува вашата толеранција на истиот.
Накратко, ќе морате да внесувате многу повеќе кафе за долгорочно да го одржувате стимулансот на потојано ниво затоа што телото веќе се навикнува.

Иако лекарите не се сложуваат околу тоа дали кофеинот доведува до медицинска зависност, докажано е дека симптомите на завиност можат да настанат и при престанувањето на конзумирање на кафе.

Како падот на кофеинот влијае врз организмот?
Ако преку ноќ сте се обиделе да престанете да пиете кафе, веројатно дека преку ноќ и ќе започнете да пиете кафе. Наглиот недостаток може да предизвика симптоми како што се главоболка, пореметување во спиењето, внатрешни немири, пореметување на видот, слухот, констипација..

Што кофеинот му прави на вашиот организам?
Потребни се само 30 минути за шолја кафе да почне да делува.
Тој го движи нашето тело четири часа и срцето чука позаврзано, го зголемува пулсот и крвниот притисок, концентрацијата се зголемува, се намалува уморот, крвните садови се стегаат ја ублажува главоболката и го подобрува снабдувањето на кислорот во мускулите.

Не е ни чудо што телото почнува да страда кога нагло ќе престанете со неговото конзумирање.
Секој кој пие многу кафе секојдневно го навикнува телото на тоа и го изложува на константен стрес. Мозокот реагира на тоа така што стоздава повеќе аденозин за да постигне потребен одмор. Ако дојде до нагло повлекување на кофеинот, се појавува нерамнотежа помеѓу аденозинот и придружените активирачки супстанции.

Прегледи:
761
Објавено на:
16.07.2020