Категории

Што не очекува на овогодинешниот OHRID CALLING 2017?

Авалон ги објави сите детали околу првиот ден од овогодинешниот фестивал OHRID CALLING 2017 којшто ќе се одржи на 01 август во Охрид на стадионот „Билјанини извори“.

Првиот фестивалски ден ќе биде обележан со популарниот AFROJACK, а шоуто ќе биде отворено од младиот и талентиран диџеј RAVITEZ.

DJ RAVITEZ е млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Nicky Romero од Protocol Recordings, а потоа и AFROJACK кој го зема во неговиот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголеми имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други.

Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 24-ти април, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, по цени од: 1000 денари ПАРТЕР, 1.500 денари ФАН ПИТ, 1.500 денари ВИП, 2.000 денари УЛТРА ВИП, а блок влезници за двата фестивалски дена се: 1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР, 2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ.

 

 

 

Следете ја среќата на инстаграм. 

Прегледи:
417
Објавено на:
22.04.2017