Категории

Што сѐ можат кучињата да почувствуваат кај луѓето? Не можете да ги излажете!

Сетилата на кучињата се истенчени и почувствителни од човековите, а честопати се чини дека нашите најдобри пријатели го поседуваат она мистичното шесто сетило, со кое можат да претчувствуваат работи за кои не сме ни свесни.

1. Расположение

Вашето куче може да го почувствува вашето расположение. Поради тоа, доколку сте под стрес ќе биде и тоа, или ќе стане наметливо доколку почувствува дека сте тажни. Исто така, бројни тренери забележале разлика во резултатите на кучињата во зависност од расположението на тренерот.

2. Внимание

Кучињата се многу интелигентни животни и тие точно знаат кога не им обрнувате внимание. Точно знаат кога да направат некој итар потег бидејќи знаат кога не ги гледате иако стоите до нив. Да, така исчезна и вашиот сендвич.

3. Нееднаквост

Во едно неодамнешно истражување истражувачите им дале иста задача на две кучиња. По завршувањето на задачата, едното од нив добило награда а другото не. Она куче кое не добило вкусна храна, набргу престанало да ги исполнува заповедите, па дури и престанало да му обрнува внимание на истражувачот.

4. Болест

Иако многу сопственици можат да гарантираат дека миленичињата ќе им бидат одлична утеха кога се болни, докажано е дека кучињата можат да го намирисаат степенот на рак и тоа според примерок на крв. Лекарите и научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да се потпрат на кучешкото сетило при тестирањето на ракот.

5. Лаги

Едно јапонско истражување открило дека кучињата имаат способност да не им веруваат на луѓето кои лажат. Со други зборови, тие умеат да препознаат кога се изневерени и да научат да не и веруваат на личноста која ги излажала.