Сите знаеме дека во текот на кралската должност, Меган Маркл доби епитет на припадничка која прекрши рекорден број на правила на кралското семејство
Таа не сакаше да биде роб на протоколот на британското кралско семејство а со тоа често прекршуваше едни од нивните најважни традиции. Помеѓу нив се и неколку правила за убавина и изглед.
Меган често носеше растурена фризура
Во текот на службените должности, кога се работи за изгледот на косата, правило е да се носи совршено средена фризура без нити едно влакно кое отскокнува. Меган често преферираше „разбушавена“ пунџа наместо мазна собрана коса а нејзиниот фризер на тоа откри дека таа не сакала да изгледа премногу службено.
Меган носеше маникир и педикир во темни бои
Според кралскиот протокол, жените треба да ги лакираат ноктите исклучиво во дискретни тонови на кожата. Сепак Меган понекогаш го прекршуваше ова правило и тврдоглаво бираше темни нијанси како што беше во случајот за време на доделувањето на Британските модни награди кога таа беше специјален гостин на свеченоста.
Меган користеше забрането шминкање
Членовите на кралското семејство не смеат да се шминкаат со силни нијанси. Меѓутоа Меган вообичаено практикуваше шминка во „зачадени“ очи со црни нијанси а исто така ги нагласуваше своите усни со сјај за да изгледаат поголеми.
Меган користеше хајлатер
На членовите на кралското семејство им е припишана скромност и природен изглед а не блескавост и галмур. Сепак, Меган често носеше актуелни препарати за шминка со сјаен ефект, а често можеше да се виде пренагласување на јаболкниците со хајлајтер.
Меган користеше вештачки трепки
Според кралското семејство, за изгледот да биде изразен, доволна е само маскара. Сопругата на принцот Хари сепак има друго мислење и често можеше да се види дека носи вештачки трепки.