Категории

Скриена поезија на улиците на Бостон која се појавува само на дожд

Кога врне, истура поезија. Непрофитната организација Mass Poetry  во соработка со градочалникот на Бостон спроведува проект Raining Poetry, оставаат скриени сонети и рими на улиците на градот, кој се гледаат само кога врне. 

Danielle Georges, е градскиот поет лауреат која ги одбра привте четири поеми за проектот. Одбрала дела на Langston Hughes, Elizabeth McKim, Barbara Helfgott Hyett, и Gary Duehr, кои одиграле важна улога во Бостонската литературна и културна сцена.

Убав начин да им го разубават денот на луѓето кога дождот ќе падне и луѓето ги наведнуваат главите за да се заштитат од дождот.

Одличен начин да се доближи поезијата до луѓето, особено тоа што е обележје за Бостон, а воедно да се внесе доза убавина во тмурните денови.

   

Прегледи:
433
Објавено на:
22.05.2016