Категории

Слабејте преку ноќ: Ова се 5 начини да изгубите килограми додека спиете!

Сите знаеме дека најдобар начин на губење килограми е преку вежбањето. Меѓутоа, постојат и други методи, кои иако се побавни даваат добри резултати. Ова се 5 неверојатни начини да изгубите килограми додека спиете.

Мала вечера

Избегнувајте огромни оброци навечер, особено пред спиење. Во текот на длабокиот сон нашиот мозок го емитува хормонот за раст. Ако јадете доцна, хормонот за раст ќе ја складира храната во мастите.

Избегнувајте алкохол

Пиењето алкохолни пијалаци пред спиење ја намалува количината на времето кое го поминуваме во најважната фаза од сонот, РЕМ фазата во која телото гори најмногу калории. Чаша вино пред вечерата е во ред, но запомнете дека не би требало да пиете алкохол три чаа пред легнување.

Консумирање протеински шејкови пред спиење

Пијте шејк кој содржи 30 грама протеини пред да легнете. Истражувањата докажале дека тоа помага да го зголемите бројот на калории кои телото ги согорува додека се одмара. Протеинот исто така содржи состојки кои помагаат во опоравувањето на мускулите.

Не вежбајте пред спиење

Вежбите го будат телото и го тежнуваат добриот сон во текот на ноќта. Вежбајте наутро, бидејќи тоа ќе го подигне вашето ниво на енергија. Во случај да не можете да вежбате наутро, не одете на тренинг 4 часа пред спиење..

Одредете го времето на легнување

Оптималниот број на часови поминати во спиење (7-8 часа) е посебно важно за нашето здравје, но и му помага на телото да согори повеќе масти.

Прегледи:
446
Објавено на:
25.04.2018