Категории

Сосема обична бела маица и зелено здолниште: Меланија Трамп објасни што е совршен стил!

Како една обична бела маица може да биде совршен завршеток на одлична дневна комбинација.

Претседателската двојка на САД Меланија и Доналд Трамп имаа дводневна пауза од обврските, која ја искористија да се одморат во семејниот голф-клуб во Њу Џерси.

Веднаш по викендот, тие се вратија во Белата куќа за да продолжат со своите должности, а во таа прилика убавата Словенка уште еднаш успеа да изненади со модниот избор.

Имено, Меланија е уште еден од низата примери за тоа како изгледа добар стил и како обична бела маица може да биде совршен завршеток на одлична комбинација на облека.

Бела маица со кратки ракави, таа ја спои со впечатливо зелено здолниште со интересни „врежани“ детали, со чипка на работ.

Впечатливото здолниште е потпишано од познатата модна куќа Fendi, чевлите Kristijan Lobutin, а белата маица што ја носи Меланија може да ја најдете во скоро секоја продавница.

Прегледи:
567
Објавено на:
27.08.2019