Категории

Состојба на нови случаи на КОВИД – 19 во Македонија

Имаме вкупно 500 пациенти оздравени од коронавирусот, денеска се регистрирани 126.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

– Скопје 3
– Куманово 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар-1
– Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Прегледи:
805
Објавено на:
26.04.2020