Категории

Состојба на нови случаи заболени со КОВИД – 19 во Македонија

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од КОВИД-19.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 11
– Куманово 2
– Струга 1
– Велес 3
– Кавадарци 2
– Гостивар 2
– Неготино 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, а на починати е 71 лице. Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.
Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Прегледи:
753
Објавено на:
28.04.2020