Состојба на нови заболени случаи на КОВИД – 19 во Македонија

Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус.

– Скопје 25
– Куманово 13
– Прилеп 5
– Струга 1
– Битола 4
– Охрид 1
– Кочани 4

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.

Починаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.




Коментари

[fbcomments]