Категории

Состојби кога поубаво е да ја заборавите брадата и секогаш да бидете избричени

Се повеќе мажи носат брада со која се гордеат. Меѓутоа, како и модните трендови, не одговара секоја брада. Доколку вашата брада има некоја од овие карактеристики, најверојатно многу поубав изглед ќе имате доколку се избричите.

  • На лицето имате делови на кои не растат влакна

Доколку на лицето имате места на кои не растат влакна, ако пуштите брада нема да изгледате баш убаво. Стресот може да биде причина за тој проблем, но најдобриот совет во тој случај е да се бричите постојано.

  • Брада на врат

Брадата која се протега од вратот до градите никогаш не е во тренд. Оваа брада остава лош впечаток и секако нема да бидете избрани за најпосакуван маж.

  • Брада во која има влакна со различна должина

Ако на лицето не ви растат сите влакна подеднакво, подобро е да немате брада. Ако ви е за утеха и шармантниот Рајан Гослинг, миленик на жените, има ваков проблем.

  • Ретка брада

Некои мажи имаат толку ретка брада за која не им помагаат ни бројните масла за брада. Претенки и нејасни влакна на лицето дефинитивно не изгледаат добро. Оставаат впечаток на неуреден маж кој не се грижи за својот изглед.

  • Шарена брада

Сосема е во ред да имате малку седи влакна, но две или повеќе нијанси изгледаат многу лошо на лицето. Без разлика колку совршена е брадата, ако во исто време има повеќе нијанси- најдобро е да ја нема.

  • Пубертетска брада

14 влакна над усните и уште толку на брадата не се смета за брада, освен ако не сте средношколец.

Прегледи:
659
Објавено на:
18.05.2019