Категории

Совети од Ник Вуичич – Стравот е поголем хендикеп отколку да се нема раце и нозе

Предизвиците постојат за да не зајакнат, а не за да не прегазат.

Ви ги донесуваме едни од најдобрите совети и изреки кои се надеваме дека ќе ве инспирираат како и Ник да живеете без ментални ограничувања и стравови.
Прочуениот мотивационен говорител Ник Вуичич многу го нарекуваат чудо од човек. Тој е роден  без раце и нозе како последица на реткото заболување тетра-амелија, и со својот пример тој докажува како невозможното е сепак – возможно.

Тој е вистински пример, кој и покрај својот физички недостаток успеал да постигне многу нешта за кои сонувал – пропатувал многу земји, одржал стотици предавања, завршил факултет, напишал две книги, се оженил и станал татко.

1.Во животот имате два избори: да бидете огорчен или да бидете подобар. Одберете да бидете подобри, не огорчени. Никогаш не сретнав огорчена особа која била среќна. Нити среќна која била огорчена.

2.Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот нема да биде вреден за живеење. Никогаш не знаеш што се Бог може да направи со твоите скршени делови, се додека не му ги предадеш.

3.Што вие мислите дека треба да изберам: Да бидам лут на Бог поради тоа што го немам или да му бидам благодарен поради тоа што го имам? На моите семинари луѓето ми зборуваат дека тие не можат. Дека се престари, премлади, предебели, преслаби, како имаат премногу дипломи, премалку дипломи, како немаат пари, немаат време. Во главно, секогаш имат изговор зошто не можат. Да се разбереме, и јас бев таков. Нештата се променија од оној миг кога почнав да барам начин како да барам изговори зошто можам наместо зошто не можам.

4.Некои луѓе наместо да превземат одговорност, повеќе сакаат да ги обвинуваат другите околу себе за она што им се случува. Ако животот ви додели погрешна карта и ви ги промени плановите, можете за тоа да го обвинувате Биг, свемирот, родителите или безобразното дете кое во трето одделение ви го украло сендвичот. Сето тоа нема нималку да ви помогне. Единствен начин е да ја совладате промената на околностите и да го следите својот пат.

5.Која е поентата да се биде потполн од надвор, а празен одвнатре? Запомнете – акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите своите соништа, натерајте се себеси да се обидете само уште еден ден, недела, месец, година.. Ќе бидете изненадени од она што се случува кога константно одбивате да се откажете.

6.Предизвиците постојат за да не зајакнат а не за да не прегазат.

7.Стравот е поголем хендикеп отколку тоа да немате раце и нозе. Долго време не бев спремен да се соочам дека она што навистина не е во ред со мене не е моето тело, туку ограничувањата кои си ги поставив на себеси како и мојата ограничена верзија на животни мудрости.

8.Се што би направил за себе самиот, направи го и за другите луѓе. Ако чинот на сочувство стане твоја секојдневна навика, ќе се чувствуваш посилен и ослободен од болката и разочарувањето. Не треба да очекуваш корист од великодушни дела, но добрите дела можат да те доведат до изненадувачки награди.

Прегледи:
708
Објавено на:
28.11.2019