Категории

Совети за совршен бронзен тен

Сакате совршен бронзен тен? – Внимателно следете ги овие чекори

ПОДГОТОВКА НА КОЖАТА
Пред се, за убав и изедначен тен, најважна е подготовката на коажта. Тука најголема улога игра вашата дневна и ноќна рутина. Затоа што од состојбата на вашата кожа зависи тоа колку долго ќе се задржи тенот и. Негувајте ја вашата кожа со хранливи креми и масла за да биде мека и хидрирана, не заборајвате да корисите пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ја направи мазна и чиста.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ СОЛАРИУМ
Иако многу козметички салони тврдат дека кожата треба да се подготви за престој на сонце, користењето на солариум и не е баш корисно.
Тоа е потполно погрешно. Солариумите произведуваат огромни количини на УВА зраци а не УВБ кои ги произведува сонцето и се помалку штетни, а УВА зраците можат да го зголемат ризикот од рак на кожата за 75%.

КРЕМИ ЗА СУНЧАЊЕ
Немојте да се потпирате само на СПФ факторот кој е еден од елементите кој го одредува квалитетот на кремата за сунчање.
Користете крема која штити и од УВА зрачењето.
На почетокот користете крема со највисок заштитен фактор, откако кожата благо ќе потемни доволен е СПФ 15.

ВНИМАВАЈТЕ НА ВРЕМЕТО НА СУНЧАЊЕ
Освен избегнувањето на изложување на сонце во часовите кога е најсилно, имајте на ум дека вашата кожа во одреден миг кога доаѓа до точка на „исклучување“ односно повеќе не може да произведува меланин, пигмент за потемнување, па е бесмислено да го поминете целиот ден изложени на сонце.
Секој има свое прекинување на меланинот, обично тоа се случува после 2-3 часа сунчање.

ВНЕСУВАЈТЕ ВИТАМИНИ
Ништо од тоа што го нанесувате на вашата кожа не може да го подобри производството на меланин од дневното внесување на Бета Каротен во организмот.
Но тоа не значи дека не треба да употребувате крема за сунчање.

Прегледи:
597
Објавено на:
11.05.2020