Категории

Совршена комбинација: Здрави и вкусни мафини со банана и авокадо! (РЕЦЕПТ)

Главните состојки на овој десерт се многу здрави и изоблуваат со витамини, но и голема количина на протеини. Мафините се едноставни за подготовка и одлични како ужина. Многу се вкусни и здрави за организмот.

Бананите во себе содржат висок процент на калиум кој е добар за срцето, додека авокадото е богато со протеини, што е одлично за мускулите.

Состојки:

  • 1 авокадо
  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 2 лажички мед
  • 1 кесичка ванила
  • 2 чаши оризово брашно
  • 2 лажички прашок за пециво или сода бикарбона
  • по желба: 1/4 шолја искршено чоколадо

Подготовка:

Во блендер изматете го авокадото, бананите, јајцата, медот и ванилата. Во поголем сад помешајте го брашнот со прашокот за пециво. Помешајте ја мешавината од авокадо и банана со сувите состојки и помешајте ги со чоколадото. Не претерувајте со мешање, бидејќи тоа е тајната на најдобрите мафини.

Плехот за мафини подмачкајте го и потоа ставајте ја смесата со лажица. Потребно е да се пече 15-20 минути на температура од 180 степени Целзиусови.

Добар апетит!

Прегледи:
882
Објавено на:
08.07.2019